МЕПСО: Неконструктивно е да се споредува цената на струјата со просечната плата во земјава

Од:

Од компанијата АД МЕПСО, а во врска со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика за покачувањето на цената на електричната енергија, како „некоректно“ го оценуваат споредувањето на цената не електричната енергија со просечната плата во земјава.

Од копанијата додаваат дека дел од оние што го критикуваат поскапувањето, се подготвени да дадат многу повеќе пари за да го платат мобилниот телефон.

„Од аспект на трошоците на АД МЕПСО, ‘голото’ споредување на цената на мегаватчас електрична енергија со просечна плата во нашата земја е некоректно. Никому не помага, создава конфузија кај граѓаните. Такви споредби се погрешни и водат кон погрешни заклучоци кои немаат економска логика туку оставаат впечаток дека критиката е неконструктивна. За жал, во одредени сегменти на нашето општество сеуште постојат предрасуди и за најмала промена на цената на електричната енергија; дел од критичарите на цената на електричната енергија, во исто време, за мобилен телефон со интернет забава се подготвени да издвојат и значајни износи, често и далеку повисоки од сметката за електрична енергија. Понатаму, како висока сметка за електрична енергија се третира и сметка кога, оваа најскапа енергија, се користи за загревање на цела куќа или голем стан“, велат од АД МЕПСО.

Од компанијата додаваат дека за најзагрозените семејства е предвидена субвенцијата „за енергетска сиромаштија“, која обезбедува пристапност до електрична енергија за сите граѓани на државата.

„Прашањето е многу комплексно за да се банализира со неаргументирани напади врз електроенергетските компании и регулаторното тело кое го респектирало барањето. Не смееме да заборавиме дека електричната енергија е основиниот двигател на сите сегметни во современото општество, поради што сите  треба да сме свесни за важноста на функционирањето на целиот електроенергетски систем и, се разбира, дека тоа е неостварливо без неопходните вложувања за негова непречена и доверлива работа. Секогаш сме посветени на определбата за намалување на трошоците, онаму каде е оправдано. Спремни сме и за стручна расправа на таа тема“, пишува во соопштението.

Од АД МЕПСО велат дека тарифата на шест години во континутитет е намалувана, со што е доведена во прашање ликвидноста на компанијата и нејзиното  функционирање.

„Тарифата е најголемиот извор од каде се покриваат сите инвестиции за преносниот систем нормално да функционира. АД МЕПСО нема можност да се откаже од своето учество во цената на струјата, затоа што нé чека економски развој на државата кој без стабилен преносен систем е невозможен“, велат од компанијата.

Би можело да ве интересира

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Катерина Ѓуровски

ВМРО – ДПМНЕ: Обвинителството да отвори предмет за сомнежите за криминал во МЕПСО

Реакција од МЕПСО: Во голема паника, ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

Директорот на МЕПСО кој му е братучед на Изет Меџити потроши 15.000 евра за цвеќе тврди ДУИ

Катерина Ѓуровски