Меморандум за заштита на Преспанскиот регион

Од:

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска ќе потпишат Меморандум за разбирање за поширока заедничка иницијатива во Преспанскиот регион.

За проектот за заштита на Преспанското Езеро, кој го спроведува од УНДП, обезбеден е буџет од околу милион американски долари за инвестиции за заштита од негативните ефекти на ерозијата.

Во текот на наредните неколку години преку проектот планирано е спроведување серија антиерозивни мерки преку подобрување на шумската покривка и регулирање на главните поројни водотеци во сливот на Преспанското Езеро. Како подготовка на овие мерки, во наредните месеци ќе се работи на подигнување нов расадник во Преспа, во близина на селото Асамати, кој ќе обезбеди автохтон саден материјал за идните пошумувања во Преспа.

Проектот кој ќе се спроведува во текот на наредните шест години има за цел преку спроведување на серија мерки во главните сектори да придонесе за значително подобрување на еколошкиот статус на Преспанското Езеро.

Финансиската поддршка за овој проект во вредност од 5 милиони швајцарски франци е обезбедена преку Швајцарската агенција за развој и соработка.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

A1on

НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината

Горан Наумовски

ВИДЕО: Преспа – жедното езеро

Предраг Петровиќ

Преспанското Eзеро е пред умирање додекa СДС И ДУИ тонат во матни бизнис зделки