Меморандум за соработка меѓу НБРМ и хрватската Народна банка

Од:

Меморандум за соработка и размена на информации во областа на монетарната политика и примената на макропрудентните мерки потпишаа денеска гувенерите на народните банки на Македонија и на Хрватска, Димитар Богов и Борис Вујчиќ.

Меморандумот предвидува размена на знаења и искуства во областа на банкарството, примената на меѓународните принципи и супервизорски стандарди за претпазливо банкарско работење, заради натамошен развој и јакнење на финансиската стабилност и поттикнување одржлив економски раст во двете земји.

Овој меморандум. како што соопшти НБРМ, е резултат на долгогодишните пријателски односи меѓу двете централни банки и воедно, обезбедува продлабочување на соработката и успешно остварување на проектите и иницијативите што ќе произлезат во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на домашната валута зачувана, а девизните резерви повисоки за 40%

Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост е значително зголемена изминатите години, работиме на натамошно унапредување

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра