Мелничарите бараат да не се воведува условен откуп на пченица додека трае жетвата

Од:

Опстанокот на мелничарите во земјава е доведен во прашање поради диспаритетот меѓу домашното и увезеното брашно. Тие бараат да не се воведува мерката за условен откуп на пченица додека трае жетвата зашто тогаш берзанската цена е најниска.

Како што беше речено на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, настанатиот дисбаланс на пазарот со пченица и брашно, поради кои повеќето млинари веќе не работат, дополнително ја комплицираат контролите на граничните премини кои дозволиле увоз на брашно со сомнителен квалитет.

– Во магацините моментно има 30.000 тони пченица откупени по просечна цена од 15,06 денари, што е практично нерентабилно за производство на брашно, истакна Васко Ристовски од Комората.

Минатата година во Македонија се увезени 120.000 тони пченица, што е 40 отсто повеќе во однос на 2011, како и 45.000 тони брашно, што е исто така енормно повеќе.

Според Ристовски, иако досега се реализирани две средби со надлежните институции во врска со барањето на мелничарите, повратен одговор се уште нема.

Преработувачите сметаат дека за надминување на состојбата е неопходно да се засилат контролите на квалитетот при увозот на брашно и да се воведат маркички за евидентирање и подобрување на пазарот со брашно.

Од вкупно 41 регистриран млин во Македонија повеќето се затворени, а од 131 трговец, 81 е увозник на брашно.

Би можело да ве интересира

Како помош за африканските земји, Русија испорача 200.000 тони пченица

Близу Вуковар: Двајца крадци украле дури 35 тони пченица

Ѓорѓиевски: Да им се помогне на земјоделците за пченицата, производната цена е двојно повисока од пазарната

Николовски: Во вторник Владата ќе расправа за постапката за набавка на пченица за стоковите резерви

МЗШВ: Владата ги прифати новите мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз

Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви, обвинуваат фармерите

Орце Костов