Медиумската хајка против Макпетрол – нарачано пукање во празно

Од:

Серијата неосновани и сензационалистички написи околу Макпетрол кои деновиве се појавуваат во дел од порталите на маргините на македонскиот интернет простор, укажуваат на платена и нарачана кампања за оцрнување на раководството на компанијата. Во период во кој се чека одлуката на Комисијата за хартии од вредност во врска со понудата за преземање од анонимната офшор-компанија „Балкан Петролеум“, очигледно е дека ваквата кампања произлегува од „кујните“ на сомнителните руско-украински „инвеститори“.

„Макпетрол на екстази“, „Расипничкото работење на Јосифовски“, „Стојан Андов вмешан во бизнисите на Јосифовски“ – ова се само дел од неоснованите и клеветнички наслови на порталите, кои немаат допирни точки со објективното новинарство. За очигледната тенденциозност и непрофесионалност на ваквите написи деновиве во два наврати реагираше и Сервисот за проверка на факти во медиумите:

„Уште еден чекор за упропастување добра идеја е, наместо темелен извештај врз основа на искази, да напишете – коментар. Оттаму, оваа медиумска содржина, скриено, бидејќи никаде не е наведено дека се работи за коментар, туку, напротив, текстот е објавен во рубриката „Економија“, прави класично подметнување“, се вели во една од рецензиите на текстовите со кои се води медиумската хајка, објавена под наслов „Медиумски ќорфишек за Макпетрол“.

Во таквите написи се прават срамни инсинуации, се спомнуваат фантомски „писма на акционери“ и се изнесуваат серија лаги и конструкции кои имаат само една цел: да ги валкаат имињата на Андреа Јосифовски и другите менаџери на Макпетрол и да создадат искривена слика во јавноста за компанијата и нејзиниот менаџмент. За дел од овие написи веќе се покренати тужби за клевета против неколку портали, а од компанијата најавуваат дека нема да дозволат ваквите неосновани напади да поминат без реакција.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана