Машинскиот персонал на Железници Транспорт е во бојкот, нема да тргнат возовите по 16 часот

Од:

Машинскиот персонал во Железници на Република Северна Македонија Транспорт донесе одлука за бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за јуни годинава, поради што попладне по 16 часот нема да ги извршува работните задачи, вели Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ Транспорт.

Како што информира Димовски, одлуката е донесена на денешниот собир на машиновозачите и помошниците, а бојкотот значи дека нема да тргнат патничките и товарните возови по 16 часот денеска. Во возниот ред за попладне, како што информира Димовски, се предвидени сообраќања на возовите на релацијата Скопје-Гевгелија и Скопје-Велес, како и неколку товарни возови.

-Ние баравме платата да биде исплатена до 25 наредниот месец или да не извести менаџерскиот тим дека ќе доцни платата, но се уште не сме известени, изјави Димовски.

Тој најави дека до УО на ЖРСМ, како и до Министерство за транспорт и врски и до Агенцијата за железничи сообраќај ќе испратат допис преку кој, покрај исплатата на платата бараат и исплата на надомест за квалитет.

Би можело да ве интересира

Кинеските дизел возови поправени после четири месеци: Од утре и трет воз за Битола

Орце Костов

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

Орце Костов

Заврши санацијата на Железничкиот мост на Црна Река, од утре повторно товарен железнички сообраќај Скопје-Гевгелија

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он

Столбот на мостот на Црна река преку кој поминува возот ќе се прави околу два месеци

Десет дена нема воз Скопје-Битола