„Марлборо“ на Филип Морис од почетокот на 2014 во Тутунскиот комбинат-Прилеп

Од:

Генералниот директор на Тутунскиот комбинат – Прилеп, Александар Дерменџиев истакна дека овие денови технолози, правници и инженери од гигантската компанија Филип Морис започнаа со разгледување на состојбата на комбинатот со цел изработка на бизнис-план за понатамошно профитабилно работење на оваа компанија.

Деталите за планот сè уште не се откриваат, но со него се очекува комбинатот да дојде до позитивна нула на почетокот на следната година.

Според него, 10-годишното стратешко партнерство со компанијата Филип Морис претставува основа за излез од долгогодишната лоша економска состојба на комбинатот, при што се очекува веќе во 2015 година да започне со профитабилно работење. Моментално комбинатот има пари да го исплати планираниот род од 3000 тони тутун за оваа година.

Во наредните неколку месеци, по завршувањето на сите формалности околу потпишувањето на договорот со гигантот Филип Морис, цигарите Марлборо од палетата на оваа компанија би излегле од прилепскиот Тутунски комбинат веќе во почетокот на 2015 година.

Прилепскиот загубар е втората најголема компанија за производство на цигари и држи 19 % од пазарот, додека на прво место е Империал Тобако ТКС од Скопје со 61 % од продажбата.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Орце Костов

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава