Процесот на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ќе се одвива под целосна контрола на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС согласно македонското законодавство.
– Мисијата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС е да ги заштити интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови, стои во соопштението од МАПАС.
Наведуваат дека процесот на продажба нема да влијае на функционирањето на пензиското друштво ниту на пензиските фондови со кои управува друштвото.
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, како што стои во соопштнето, ќе продолжи да ги извршува своите функции во согласност со законската регулатива и во најдобар интерес на членовите на пензиските фондови со кои управува.