Манчевски: Технолошката трансформација приоритет на земјите од Западен Балкан

Од:

Технолошката трансформација на земјите од Западен Балкан и нивна целосна дигитализација е еден од врвните приоритети на нашите влади и тоа значително ќе влиаје на зголемување на работните места, на платите во регионот, на подобрување на услугите, на индустриите, образованието и на намалување на корупцијата. Тоа се дел од пораките што ги упати македонскиот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, по заокружувањето на агендата на дводневниот Дигитален самит за Западен Балкан во Скопје.

– Од Скопје денеска испраќаме порака за следните два самита во Софија и Лондон дека нашето место е во Европската унија. Не чека многу работа, но доколку постои политичка волја, а конечно постои, тоа ќе се постигне. Дигиталниот самит во Скопје е само една од потврдите за тоа, рече Манчевски.

Со претставниците на земјите од Западен Балкан, со бизнисите, академијата, како што рече Манчевски, заедно се дефинирани заеднички цели за дигиталната трансформација на регионот.

– Подготвени сме да работиме и да ги искористиме можностите. Дадовме ветување дека ќе работиме заедно за намалување на цените на роамингот во регионот и со земјите од Европската унија, рече Манчевски.

Учесниците на Самитот меѓу останатото се обврзаа и дека ќе го подобрат пристапот до широкопојасен интернет и изразуваат подготвеност и иницијатива да работат на активно меѓусебно признавање дигиталните сертификати, потписи и печати, како и олеснување на прекуграничните доверливи услуги.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он