Повисоки плати, поголема заштита за инспекторите со законот за инспекциски надзор, најави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
„Целта е да се воведе нов концепт на инспекциски надзор преку планирање на инспекциите на основа на проценка на ризик. Инспекциите нема да може повеќе да се користат како механизам за политички или економски притисок. Се постигнува и поголема транспарентност, предвидливост и правна сигурност за субјектите на инспекциски надзор. Проценката на ризик ќе се прави при подготовката на годишниот план за работа на инспекциската служба. И најважно, со овој закон се воведува опомената пред изрекување на казна, како правило“, информираше Манчевски.
„Очекуваме позитивно да влијае врз фирмите, особено помалите кои најчесто мора да затвораат пред да им се даде шанса да ги исправат неправилностите.
Манчевски рече дека вкупно има 1000 инспектои ви сите служби што е недоволно и дека до претходните правила никој не можел да стане инспектор.
За платите, вели Манчевски, предност имаат оние кои се изложени на ризик како пазарната инспекција, кои работат ноќе во клубовите со алкохолизирани лица, што не е исто со инспектори во образование.
„Планот е платите да се зголемуваат годишно за 10 отсто и да достигнат до 30 проценти“ истакна Манчевски.
„Со законот се воведува и нов систем за стекнување на лиценца за инспектор, како и нов систем за постојана обука и стручно усовршување на инспекторите. Со досегашниот систем, никој нема да може да стане инспектор во следните неколку години, а се соочуваме со недостаток на инспектори. Предвидени се и повисоки плати за инспекторите, како и механизми за нивна поголема заштита при работата“, рече министерот Манчевски. Платите ќе се зголемуваат постепено. За 10% ќе бидат зголемени на почетокот на 2020-та, а ќе достигнат зголемување од 30% во 2022-та.
Галена Николовска-Ризвановиќ