Јаневска: Во моментов нема опција за зголемување на платите на наставниците

Од:

Министерската весна Јаневска повтори дека нема можности за покачување на платите на наставниците во моментов, но почара дека има простор за разговор со сите социјални партнери откако од СОНК рекоа дека следува 12 проценти зголемување и ќе остават простор за дијалог до 15 септември.

– Секако дека ќе разговараме со сите социјални партнери и секако дека ќе бараме начин да ги измотивираме наставниците на сите можни начини. Наставниците не се депримирани само поради средствата со кои се покрива нивниот труд, има и многу други елементи кои ги вознемируваат и прават незадоволни. Почитта од страна на родителите, почитта од страна на учениците, почитта од страна на општеството итн – вели Јаневска.

Таа додаде дека се отворени за разговор и дијалог, но мора реално да се согледаат можностите.

– Сите вие знаете каква девастирана држава наследивме, не само во образованието, ние сега треба да го спречиме слободниот пад на државата, да го стабилизираме, да го придвижиме кон нулата и оттука да почнеме да градиме нанапред. Образложувам зошто е потребно и грчевито ќе се борам, но реалните можности се тие. Доколку изнајдеме решение, кое не зависи само од министерот за образование и нашите желби, доколку се отвори некаква можност, се доаѓа во обзир, но во овој момент јас таа можност не ја гледам – заврши Јаневска.

Би можело да ве интересира

Јаневска тврди дека нема намалување на стипендиите за студентите, вели опозицијата шири паника

Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

Јаневска: По случајот со повредениот ученик ќе следат законски измени

Јаневска: Можно е воведување забрана за телефони на настава и во средните училишта

Јаневска: Доколку се докаже фалсификатот, Славјанскиот универзитет ќе има сериозни последици