Коронавирусот и глобалната пандемија предизвикана од него го отежнува патувањето на сите и ги промени или одложи плановите на многумина. Но, повеќето од нас, сигурно веќе ја знаат и се подготвуваат за својата прва дестинација по целосното отворање на границите.
Доколку планирате да патувате со автомобил во некоја од земјите од регионот, без разлика дали тоа ќе биде поради бизнис-обврски или како турист, добро е да знаете некои од сообраќајните правила и прописи.
За влез во Србија, Албанија или Црна Гора не е потребен пасош и меѓународна возачка дозвола. Во согласност со билатералните договори за взаемно признавање на националните возачки дозволи и биометриски лични карти, границите може да се преминуваат само со лична карта. Сепак, доколку планирате потоа да патувате во некоја друга соседна држава, користете пасош.
Ако, пак, патувате во Грција, Бугарија, Хрватска или Словенија не е потребна виза, но освен задолжителен зелен картон потребно е да имате и меѓународна возачка дозвола.
За возење низ Италија и Шпанија, во согласност со билатералните договори, не е потребна меѓународна возачка дозвола.
Систем на патарини како кај нас има во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Грција, додека во Словенија, Бугарија, Австрија, Унгарија и Чешка е потребна вињетка, која чини од 10 до 15 евра за една недела и може да се набави на бензинска станица.
За патување надвор од границите задолжително е зелен картон и доколку не сте сопственик на возилото, дозвола за управување на туѓо моторно возило. Патничко осигурување не е задолжително, но е разумна инвестиција, со оглед дека за околу 30 денари од ден по човек ќе добиете помош во случај на некои непредвидени здравствени ситуации.
ПР Текст