Макпетрол: Пресметките докажуваат дека државата ќе плати повеќе од еден милион евра за набавката на природен гас

Од:

Повеќе владини претставници и директорот на АД „ЕСМ“ изминатиов период во јавноста изнесоа низа невистини во врска со повикот за набавка на природен гас, во којшто учествуваше и „Макпетрол“ АД. Според нивните изјави, тие ја избрале пониската понуда, но пресметките укажуваат дека вкупната понуда на „Макпетрол“ АД за јануари годинава е поевтина од таа на компанијата „Балкан Јутилитис“ за 178,963 евра во моментот на одлучување.

Имено, за набавка на 61.693 мегават часови, „Макпетрол Пром-Гас“ до АД „ЕСМ“ за потребите на „ЕСМ продажба“ достави променлива цена според берзанските цени, од 116,2085 евра, додека цената на „Балкан Јутилитис“ беше фиксна од 115,97 евра, односно за 0,2385 евра пониска.

Додека, за потребите на „ЕСМ енергетика“, „Макпетрол“ АД до АД „ЕСМ“ понуди 110,2178 евра во истиот период за 33.670 мегават часови, а за истото количество енергија, „Балкан Јутилитис“ приложи цена од 115,97 евра, односно за 5,7522 евра повисока цена од понудeната на „Макпетрол“ АД. Кога ќе се соберат количините и разликата во цената се добива износ од 178,963 евра во корист на понудата на „Макпетрол“ АД уште во моментот на одлучување.

Нејасна е политика на АД „ЕСМ“ да ја сокрива понудата на „Макпетрол“ АД, за „ЕСМ енеретика“, пониска за скоро шест евра и свесно да одбере поскап понудувач.

Доколку АД „ЕСМ“ ја прифатеше понудата на „Макпетрол“ АД, со променлива цена врзана за движењата на берзите, односно конечната цена да се добие на крајот од месецот како што се работеше од самиот почеток на енергетската криза, државната АД „ЕСМ“ ќе платеше еден милион евра помалку за да обезбеди гас за месец јануари. Наместо тоа, тие ја избраа бугарската фирма „Балкан Јутилитис“ нагласувајќи дека нивната фиксна цена за гасот била пресуден фактор.

Со ова станува очигледно дека само со цел да се дисквалификува „Макпетрол“ АД се промени политиката на АД „ЕСМ“, за цена на што се плаќа гас поскап за повеќе од еден милион евра државни пари.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство