„Макпетрол“ реагира на измените на Правилникот за формирање највисоки малопродажни цени на нафтените деривати

Од:

Донесените измени и дополнувања од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, особено измените кои се однесуваат на густините на нафтените деривати и горива за транспорт, предизвикуваат сериозни штети врз работењето на „Макпетрол“ АД Скопје.

Имено, со примена на новите густини за нафтените деривати и горива за транспорт, признаените набавни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од страна на РКЕ се пониски од реално набавните цени за трговците, што предизвикува значителни загуби во работењето.

Нејасно од кои причини и врз основа на кои податоци и извори, РКЕ, од донесувањето на споменатиот Правилник во мај 2019 година, досега трипати ги менуваше густините на нафтените деривати и горивата за транспорт. На членовите на РКЕ многупати им беа презентирани релевантни документи, меѓу кои и Правилникот за квалитет на течните горива, за тоа кои густини на нафтените деривати и горива за транспорт вообичаено се користат во комерцијални цели за утврдување и за претворање на цени од килограм за литар нафтен дериват, како и примери за така утврдените густини во државите од регионот – прикажани во продолжение.

Доколку членовите на РКЕ, од кои ниту еден член нема претходно искуство, ниту какво било познавање на пазарот со нафтени деривати и горива за транспорт, не го сменат својот личен став во однос на густините и не пристапат кон измена на предметниот Правилник со цел да предвидат густини за нафтените деривати и горива за транспорт коишто се применуваат во државава и во регионот, „Макпетрол“ АД Скопје ќе биде приморан да преземе сериозни мерки, кои, за жал, ќе резултираат со нарушување на стабилноста на нафтениот пазар во нашата држава.

На крај, повторно сакаме да го истакнеме нашиот став дека пазарот со нафтени деривати и горива за транспорт во нашата држава треба да се либерализира, со што ќе го следиме примерот на државите од Европа и од светот, како и на државите од регионот.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана