Макпетрол добитник на три признанија во рамките на 6-от Регионален самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа

Од:

Макпетрол АД како компанија, повеќе од 70 години вложува во својот развој и капацитети и притоа гради континуирана политика на општествена одговорна компанија, доби три признанија „Креатори на векови“ за својата работа од страна на 6-от Регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа. Самитот се одржа од 22 до 24 март, 2019 година во Дубровник, Република Хрватска.

Како и досега, Регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа „300 НАЈДОБРИ“ се одржа со цел јавно признавање и привлекување на вниманието на јавноста кон успехот на претприемачите и лидерите кои со својот особен придонес за развој на претприемништвото во регионот, значително го поттикнуваат економскиот и општествениот развој.

Во друштво на 346 компании од Австрија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Норвешка, Словенија, Северна Македонија и Србија, Макпетрол АД доби награди и признанија во три категории.

Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија анализирајќи ги досегашните успеси на компанијата ја додели престижната Голема награда и признание за развој на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа на Макпетрол АД и на претседателот на Управниот одбор, господинот Андреја Јосифовски. Со оваа награда се оддава јавно признание на големите визионери и лидери чија работа, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен замаец кон напредокот на општествената заедница.

Како дел од самитот, посебна оценувачка комисија на чело со проф. Др. Сц. Ненад Бркиќ, експерт за маркетинг и односи со јавност, паралелно следејќи ја комуникацијата со кандидатите и избраните лауреати направи избор и за најдобар комуникатор во проектот „Креатори за векови – 2018“. Токму ова признание, исто така го доби претставникот на Макпетрол АД, Мишко Тасевски, раководител на секторот за маркетинг.

Макпетрол АД е компанија која секогаш е ориентирана кон општеството и задоволството на потрошувачите, континуирано инвестира во развојот на нови технологии и производи со што, меѓу другото, особено придонесува кон заштитата на животната средина. Свесна дека својот успех, покрај макотрпната работа, го должи на поддршката на заедницата во која работи, компанијата секогаш се труди да се заблагодари за истото преку општествено одговорните проекти, како и поддршка во спортот и културата.

Плановите на компанијата од година во година се сè поголеми, а инвестициите во иновациите и развојот континуирани, со цел усовршување на сопствените производи и услуги, проширување и создавање на нови капацитети, како и инвестирање во својот стручен кадар за постигнување на врвни резултати.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана