Македонско-турски бизнис форум

Од:

Стопанската комора на Македонија -Турција (МАТТО), Стопанската комора на Измир и Стопанската комора на Македонија, организираат Македонско-турски бизнис форум, што ќе се одржи денеска во Скопје.

На форумот ќе учествуваат компаниите од ИТК и здравствен сектор, а целта е унапредување на корпоративната соработка, заедничко учество во ЕУ проекти и заеднички настап на трети пазари.

Од страна на Измирската комора ќе бидат присутни 22 компании од кластерите од оваа област, а од македонската страна 20 компании од Здружението на ИКТ и Асоциација на приватните компании од здравствен сектор.

Би можело да ве интересира

Унгарскиот заем најверојатно ќе биде достапен од февруари, бизнисот бара поддршката

Горан Наумовски

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски

Македонско-турски бизнис форум

Од:

Бизнисмени од турската Стопанска комора Бергама денеска на средби со стопанственици од македонската Стопанска комора и на бизнис-форум разговараа за можностите за соработка преку склучување договори и инвестиции. Присутни се претставници на фирми од повеќе сектори, меѓу кои голем број од градежништвото кои сакаат да инвестираат во Македонија, информира Фикрет Урпер, претседател на Стопанската комора на Бергама.

Стопанствениците од Бергама во Македонија од вчера веќе имаа средби со претставници на компании од Сојузот на стопански комори, а го посетија и кавадаречкиот регион каде ги разгледаа потенцијалите за соработка и инвестирање.

Според Урпер, во Македонија забележале голем подем и развој за чие продолжение, како што вели, мора да има и вложување на странски капитал.

– Зошто и ние да не бидеме еден дел од тој странски капитал што ќе дојде во Македонија? Нашиот интерес е подобрување на трговската размена и што поголем број средби и контакти за конкретна соработка. Од градежниот сектор имаме голем број претставници кои настојуваат да вложуваат во Македонија, рече Урпер.

Трговската размена  меѓу Македонија и Турција изнесува околу 400 милиони долари со дефицит на македонска страна. Во Турција на годишно ниво се извезени производи во износ од 80 милиони долари, а се увезени со вредност од 320 милиони долари.

Од Стопанската комора на Македонија и од трговското одделение на Турската амбасада во Скопје велат дека постојано работат на промоција и поттикнување на потенцијалите на македонското и турското стопанство и што поголема соработка помеѓу нив.

По посетата на Стопанската комора од Бергама во октомври ќе пристигнат уште две делегации со турски стопанственици, а од почетокот на годинава престојувале 10. Лани трговското одделение на Турската амбасада организирала посети на 23 делегации со турски бизнисмени, соопшти Шенол Туркјилмаз.

Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија истакна дека еден од приоритетите на Комората е да се отворат нови можности за соработка на македонски компании. Од домашните компании секогаш има интерес за вакви средби, а за денешните се пријавија 30.

– Од страна на турските стопанственици има голем интерес и се надевам дека во иднина соработката ќе биде поголема и ќе има конкретни резултати од средбите, рече Аризанковска. Наш приоритет, додаде, е да ја зголемиме конкурентноста на нашите членки.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана