Македонските вина се презентираат пред кинеските конзументи од Анхуи

Од:

Македонските вина од пет винарии од денеска се презентираат на саемот што се одржува во Хефеи, главниот град на кинеската провинција Анхуи.

Саемот претставува можност за промоција на вината на Тиквеш, Сковин, Далвина, Дудин и Еземит пред 80 милионскиот пазар на оваа кинеска провинција.

Македонската делегација предводена од државниот советник во Министерството за земјоделство Перица Ивановски веќе оствари повеќе средби. На состаноците со помошникот министер на кинеското Министерство за земјоделство Нуи Дун, гувернерот на провинцијата Анхуи, Ванг Ксуејун и генералниот секретар на кинеската асоцијација на увозници и извозници на вино  CAWS, Ванг Ксувеи е договорено да се преземат нови иницијативи за продлабочување на соработката и подобрување на маркетингот на македонското вино на кинескиот пазар.

Активностите на овој саем се втора од трите планирани манифестации за годинава кои се предвидени во програмата на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за организирано претставување на македонските вина на кинескиот пазар.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

Орце Костов

Николовски: Малите семејни винарии се успешна приказна, регистрирани 173 вакви винарии

Горан Наумовски

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година