Македонските граѓани на интернет пристпауваат најмногу преку телефон

Од:

Во Македонија 79,3 отсто од домаќинствата во првиот квартал од годинава имаат пристап на интернет од дома. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат учеството на домаќинствата според типот на населеното место со фиксен широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства e 70,4 отсто во 2018 година.

Во првото тримесечје од 2018 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 79,2 отсто, а 68,7 отсто го користеле секој ден или речиси секој ден.

Мобилниот телефон или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап до интернет кај корисниците на интернет во овој период, а најмногу 91,8 отсто кај лицата на возраст од 15 до 24 години.

Статистичките податоци покажуваат дека 74,9 отсто од лицата користеле компјутери, лаптопи, паметни телефони, таблети или други преносливи уреди на работа, 31,6 отсто од лицата кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а мнозинството 54,9 отсто од нив купиле облека или спортска опрема.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски