Македонски вина се промовираат во Шангај

Од:

Македонското вино по промоцијата во Хонг Конг, деновиве се промовира на саем во Шангај, Кина  на кој се присутни над 1.000 изложувачи од 20 земји од светот и привлекува повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино.

Заедно со останатите вински земји во светот, десет македонски винарии Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Езимит, Далвина, Камник, Попов, Имако и Попова Кула организирани преку Здружението „Вина од Македонија“ учествуваат на интернационалниот саем за вино и жестоки пијалоци ProWine China каде здружено се промовираат пред професионалната публика на Шангај – увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.

Учеството на саемот и Националниот павиљон се поддржани од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија преку програмата за поддршка на извозот на македонски производи, во чии рамки се обезбеди финансиска поддршка за простор и штанд од 90 м2 за македонски компании производители на вино.

Саемот се одржува од 12 до 14 ноември 2014.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

Орце Костов

Николовски: Малите семејни винарии се успешна приказна, регистрирани 173 вакви винарии

Горан Наумовски

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Вкупно 87 договори за грант поддршка на мали семејни винарии доделени во Неготино

Утре ќе се доделат договори за грантови до 10 илјади евра за мали семејни винарии