Македонски Телеком: За 4,1 отсто зголемени приходите од продажба во првиот квартал

Од:

Македонски Телеком ги зголеми приходите од продажбата во првото полугодие годинава за 4,1 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 5,391 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 5,3 отсто, во споредба со истиот период претходната година, соопшти денеска компанијата.

На крајот на првите шест месеци од годинава, стои во соопштението, Македонски Телеком бележи раст и во интернет сегментот со зголемен број на корисници за 6 проценти и зголемен пристап до широкопојасен интернет за 5 проценти во споредба со истиот период од 2020 година. Бројот на интернет корисници сега изнесува изнесува 194,1 илјади, а уделот на пазарот е 49,5 проценти.

Од телекомуникациската компанија информираат и дека и приходите од мобилните услуги во првото полугодие од годинава бележат зголемување од 3,3 отсто во споредба со истиот период лани, што се должи на зголемениот број постпејд корисници.

Компаниската посветеност и инвестициите во оптичката мрежа, посочуваат, резултираат со континуиран раст на бројот на оптички пристапи во земјата.

– На крајот од првите шест месеци од годинава, повеќе од 233 илјади корисници имаат пристап до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година, наведува компанијата.

Посочуваат дека нивниот удел во вкупниот ТВ пазар изнесува 34 отсто, а на крајот од првото полугодие, базата на корисници е зголемена за 4,7 проценти во споредба со истиот период од претходната година и сега изнесува 144,5 илјади корисници. – Согласно со ваквите трендови, пораст бележат и приходите од овој сегмент, коишто исто така се зголемени за 3,6 отсто во споредба со истиот период минатата година, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

НБРМ: Се зголеми профитабилноста на корпоративниот сектор во 2022 година, а задолженоста и натаму е во умерени рамки

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

Орце Костов