Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија од 1. јули официјално ќе станат една компанија. Одлуката, како што информираа од компанијата, е донесена на денешното Собрание на акционери.
Сите вработени и целокупниот тим на Т-Мобиле ќе бидат преземени од Македонски телеком.
На чело на компанијата ќе биде Андреас Маиерхофер, актуелен главен извршен директор на Македонски Телеком, а Жарко Луковски ќе ја извршува функцијата главен оперативен директор.