Македонски телеком и Т-Мобиле на водечката позиција и во третиот квартал од годината

Од:

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија ја задржаа водечката позиција на пазарот и во третиот квартал од годинава, покажуваат консолидираните финансиски резултати согласно меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Во овој период од годинава компаниите бележат пораст на IPTV корисници и зголемен број на DSL корисници. Нето добивката изнесува 1,88 милијарди денари.

Приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протоколот (IPTV) се зголемени за 3 отсто во споредба со третиот квартал од минатата година.  Фокусот на double i triple play пакетите резултирал со зголемен број на DSL корисници за 6,1 проценти со што до крајот на септември годинава имале 167 илјади корисници.

Забележителен е и пораст на IPTV корисниците со тоа што на крајот на септември имале 58 илјади што претставува зголемување за 63,9 проценти во споредба со септември минатата година.

Нето добивката за третиот квартал од годинава на ниво на групација е зголемена за 21,9 проценти во споредба со минатата година како резултат на зголемените останати оперативни приходи и расходи поради трансакцијата за купопродажба на недвижности со размена, што резултирало во нето добивка од 1,88 милијарди денари за кварталот и нето добивка од 3,65 милијарди денари за првите девет месеци од 2012 година.

Приходите од говорните услуги во фиксниот сегмент се намалени за 7,6 проценти во споредба со истиот квартал лани, но со 294 илјади корисници, како што информира Македонски Телеком, се уште ја имаат водечката позиција. Намалување на приходите е забележано и кај мобилната телефонија, но и тука со 1.227 илјади корисници Т-Мобиле останува лидер на пазарот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор, мораме да го заштитиме стандардот на граѓаните

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

A1on

Кој ќе добива надомест од 6.000 евра во Телеком? Советник на Царина го менува Китанов во одборот на директори

A1on