Македонски текстилни компании на скандинавскиот пазар

Од:

Македонските текстилни компании го освојуваат скандинавскиот пазар. На почетокот на годинава се претставија со свој штанд на второто издание на интернационалниот моден саем во Копенхаген.

– Треба да се земе предвид дека ова е сосема нов пазар и дека полека почнуваме да го освојуваме. Ова беше одлична можност македонските компании  да се запознаат со модата, стилот и дизајните кои ги нудат овие брендови, велат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на туризмот.

Оттаму посочуваат дека станува збор за сосема поинаква мода во однос на останатите европски држави, односно дека скандинавците се познати по едноставниот, но префинет изглед кога се работи за избор на облека.

Како што информира Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, компаниите се претствија со свој штанд, откако на почетокот на годинава за време на првото издание на саемот за текстил беше организиран бизнис настан со Б2Б средби и како резултат е иницирана соработка помеѓу македонски и компании од Данска и Шведска.

Во јануари компаниите остварија повеќе од 50 средби со скандинавски брендови. Организаторите очекуваат од остварените Б2Б средби со компаниите од овие земји да се реализира соработка.

Заедничкиот настап на  тектилните компании на саемот беше организиран од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Швајцарската програма за промоција (СИППО) и Текстилно Трговско Здружение на Македонија.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Предраг Петровиќ

Извоз од 1,441 милијарда долари во првите два месеца од годинава

Зголемени увозот и извозот на земјоделски производи на ЕУ

А1он