Македонски граѓани со акции во Кока Кола, Епл, Најк, БМВ…

Од:

Македонските граѓани сѐ повеќе вложуваат во инвестициски фондови, потврдуваат од Друштвото за управување КД Фондови, чија актива периодов достигна над 1 милијарда денари. Станува збор за средства кои клиентите ѝ ги довериле на оваа финансиска институција, за во нивно име да бидат пласирани во акции од профитални и реномирани компании, претежно интернационални.

Како што соопштуваат, овој позитивен тренд на вложување во хартии од вредност се потврдува и од случувањата на Македонската берза, каде последниве месеци има зголемен промет, а вредноста на акциите бележи раст. Според нив тоа делумно е резултат на намалените каматни стапки на депозитите кои стануваат сѐ понеатрактивни за вложување, но и на зголемената информираност и позитивните првични искуства од вложувањето во фондови во земјава.

Според портфолио менаџерите во КД Фондови, луѓето сакаат да вложуваат во компании кои имаат стабилен раст на приходите од дејноста и соодветно на тоа и повисока реализирана добивка, кои дури и во услови на економска криза остваруваат солидни приноси. – Повеќето се скептични на почетокот, но кога по извесен период ќе сфатат како се оплодуваат нивните средства, дека истите се сигурни и дека можат да се повлечат во секое време, тогаш се охрабруваат да вложат уште повеќе или пак да склучат договор за постепено вложување на подолгорочен период. Па така, луѓе од Македонија поседуваат акции од компании како Coca Cola, Apple, Google, Nike, BMW, McDonald’s, Microsoft, Mercedes-Benz итн., благодарениe на вложувачките продукти на КД Фондови и насоките од стручниот тим, стои во соопштението.

КД Фондови АД Скопје, како дел од финансиска групација KD Group Ljubljana е основано од друштвото за управување со најдолга традиција на словенечкиот пазар и над 500 милиони евра под управување.

Би можело да ве интересира

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Московската берза повторно работи: Проблемот е предизвикан од софтверска грешка

Московската берза го прекина тргувањето

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

A1on

Палестинци планирале да ја „заробат“ берзата во Лондон

Пад на светските берзи во првата недела од 2024 година

А1он