Македонија меѓу петте врвни светски дестинации за љубителите на вино

Од:

Специјализираната интернет страница за вино и храна (http://www.foodandwine.com/fwx/slideshow/5-must-see-wine-destinations) ја смести Македонија меѓу петте топ светски дестинации за квалитетно вино, што вљубениците на квалитетно вино и храна мора да ги посетат.

Во кусиот напис посветен на македонското вино на познавачите и љубителите на вино да ги заборават Бургундија или долината Напа и да ја посетат „малечката балканска држава со два милиони жители каде се произведува вино со квалитет од светска класа уште од времето на Јулиј Цезар, независно што за тоа има добиено само мал број признанија“.

На посетителите им се препорачува престој во винаријата „Попова Кула“, каде за неверојатно ниски цени, а неизоставно да се посети и „Бовин“, првата винарија формирана од осамостојувањето на Македонија од Југославија од 1991 година.

Покрај Република Макеоднија меѓу петте топ-светски вински дестинации се уште и Валамет долината во американската сојузна држава Орегон, планинскиот регион на границата меѓу Франција и Швајцарија, областа Седона во Аризона (САД) и Португалија

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

Орце Костов

Николовски: Малите семејни винарии се успешна приказна, регистрирани 173 вакви винарии

Горан Наумовски

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година