Македонија ја исплати еврообврзницата од 183 милиони евра

Од:

Република Македонија денеска ја исплати целосно еврообврзницата земена во 2009 година и со тоа се раздолжи за 183 милиони евра.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, на тој начин се испраќа добар сигнал кон инвеститорите дека Македонија е земја со висок степен на макроекономска стабилност и целосно исполнување на сопствените обврски што, како што рече министерот, е значајно за во иднина кога ќе се пристапи кон пазарот на капитал.

– Со исплатата на оваа еврообврзница де факто на краток рок и нивото на државниот долг се намали на 28,5 проценти од БДП. Се разбира со средствата што ги обезбедивме од Светската банка и со гаранцијата од Светска банка ние ќе ги надоместиме овие средства, односно ќе го вратиме нивото на девизни резерви тогаш кога ќе пристигнат во Република Македонија, истакна Ставрески на денешната прес-конференција во Министерството за внатрешни работи.

Тој додаде дека Република Македонија треба да исплати уште една еврообврзница во 2015 година што е земена во 2005 година и очекува да биде исплатена на идентичен начин.

За денешната аукција на државни записи, министерот истакна дека поминала стандардно и освен исплата на обврски по претходни аукции, ново и различно е што беа запишани средствата во износ од 38 милиони евра од двата пензиски фонда што се исплатија преку еврообврзницата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација