Македонија домаќин на Балканскиот конгрес за рударство

Од:

Охрид од утре до 21. септември ќе биде домаќин на петиот Балкански стручно-научен конгрес од областа на рударството „Балканмине  2013“.

Над 300 учесници, експерти од 14 земји  ќе презентираат повеќе од 130 научни трудови, претставувајќи ги перспективите на рударството, како  и примената на  најновите технологии  во оваа стопанска дејност која е клучен двигател на економијата во земјите од Балканот.

Во рамките на конгресот ќе биде организиран и мал саем на компании од областа на рударството  присутни на пазарот во Република Македонија и во поширокиот регион.

„Балканмине“ се одржува секои две години, а првпат беше организиран во Варна, Република Бугарија.

Главен покровител на „Балканмине 2013“ е АД „Електрани на Македонија“, а организатори се Здружението на рударски и геолошки инженери (ЗГРИМ) и  Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Би можело да ве интересира

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени

(ВИДЕО) Индиските работници по повеќе од 17 дена се извлекоа од урнатиот тунел

Горан Наумовски

Пожар избувна во рудник за јаглен во Кина, најмалку 16 загинати

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Достојно признание и почит за тешката работа на рударите

Горан Наумовски

Бектеши и Ковачевски во РЕК Битола: Големото значење на рударите се покажа во текот на енергетската криза

А1он