Пожар избувна во рудник за јаглен во Кина, најмалку 16 загинати

Од:

Најмалку 16 лица загинаа кога утринава избувна пожар во рудникот за јаглен Шанџиаошу во југозападна Кина, соопштија локалните власти. Пожарот беше изгаснат, но „по прелиминарна проверка, беше откриено дека 16 лица повеќе не даваат знаци на живот“, објавија властите на градот Панжу, кој се наоѓа на околу 3.600 километри југозападно од Пекинг, во соопштение на нивната веб-страница.

Досегашните информации укажуваат дека пожарот настанал откако се запалила транспортната лента. Иако безбедноста на рудниците и рударите во Кина е подобрена во изминатите десет години, несреќите сè уште се чести, главно поради лошото спроведување на безбедносните правила.

Во февруари, 53 лица загинаа при уривање на рудник за јаглен во Внатрешна Монголија. Десетици од нив останаа под урнатините. Долго време не се знаеше точниот број на загинати, бидејќи властите со месеци не го соопштуваа бројот на загинатите. Дури во јуни откриле дека во несреќата загинале 53 лица.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес