Лукаревска: Семејството на МојДДВ брои близу 540.000 корисници и се зголемува

Од:

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за агенцијата Марили истакна дека интересот и бројот на корисници за МојДДВ, постојано расте, а со тоа расте и сумата за исплата на средства.

– Во моментов, семејството на МојДДВ брои близу 540 илјади корисници. И таа бројка постојано се зголемува, а со тоа како поттик за сите корисници го зголемуваме и лимитот за поврат, истакна Лукаревска.

Согласно последните измени на Законското решение, нагласи Лукаревска, граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник или за цела година 8.400 денри по корисник.

– Тоа се средства преку кои директно позитивно влијаеме врз семејните буџети на корисниците на апликацијата МојДДВ, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

Горан Наумовски

Лукаревска: Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена

Горан Наумовски

Лукаревска oд Женскиот марш: СДСМ направи вистински чекори кон родова еднаквост и поголема вклученост на жените во општеството

А1он

Лукаревска: Жестоко ќе реагираме на секоја навреда, непримерен збор и потценувачки гест кон секоја жена од која било партија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Лукаревска од трибината во Куманово: Повеќе за сите е нашиот концепт за европска држава