„Луфтханза“ го прекина штрајкот

Од:

„Луфтханза“ го исполни клучното барање на штрајкувачите со тоа што се согласи да не вработува евтини работници по договор како членови на кабинскиот помошен персонал, пренесоа агенциите.

Оваа вест синоќа ја соопшти извршниот директор на компанијата Криштоф Франс. Раководството на „Луфтханза“ ваквата одлука ја оцени како „огромен чекор“.

Управата на овој германски авиопревозник и синдикатот, исто така, се согласиле да имаат и посредник кој ќе им помогне да го завршат спорот околу платите и до следната среда да се потпише нова спогодба за платите на помошниот кабински персонал.

Додека не се донесе одлука за арбитражата, веќе нема да има штрајк, соопшти синоќа „Луфтханза“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Застрашувачка снимка од падот на американскиот борбен авион: Удира во вода, па експлозија

Предраг Петровиќ

Пилот се онесвести за време на летот од Хургада до Манчестер

Горан Наумовски

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

ВИДЕО: Руски патнички авион излета од пистата

Предраг Петровиќ

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ