Лозарите бараат најмалку 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 денари за „вранец”

Од:

Минимум 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 за „вранец”, плус дополнителни субвенции од државата, бара регионалното Здружение „Напредни лозари” од Кавадарци кое ги застапува лозаропроизводителите од Тиквешкиот Регион.

-Овие цени се однесуваат на 17 единици шеќер „смедеревка” и 19 малигани кај „вранец”. Како расте шеќерноста, така да растат и цените. Според досегашните сознанија од терен, годинава имаме добар и квалитетен род. Короната нé спречи малку во активностите, но сепак работиме на утврдување на потребите од грозје кај винарските визби и други откупувачи, а ги разгледуваме и можностите за извоз на грозје, велат од Здружението за МИА.

За вечер е закажан состанок во мал состав за сите отворени прашања околу производството и пласманот на грозјето од годинашниот род. На состанокот ќе бидат испочитувани мерките за заштита од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени

За празникот на лозарите и винарите „Тиквеш“ го претстави првото вино од сертифицирано органско грозје

Ана Ололовска