Лозарите бараат 15 денари за „вранец” и 13 за „смедеревка”

Од:

Лозарите бараат 15 денари за килограм „вранец” и 13 за „смедеревка”, ова, велат тие, се реалните производствени цени за најзастапените вински сорти кои тие ги пресметале за годинешнава гроздоберска реколта.

Претседател на здружението „Напредни лозари” Трајче Кулев, за МИА информираше дека тие бараат откупувачите на грозје да покажат и банкарски гаранции за да докажат дека се сериозен партнер за откуп на родот, а плаќањето да го извршат во најкус можен рок.

– Имавме неколку средби со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на оваа тема, кои пак, околу откупот на грозје имаат разговарано и со винарите, кои сеуште тактизираат. Очекуваме заедничка средба со претставници на винарските визби со медијаторство на Министерството, за да преговараме околу годинешните цени на винско грозје, рече Кулев.

Тој изрази надеж дека преговорите ќе бидат успешни и дека конечно, по долги години, ќе се случи толку многу очекуваното зголемување на цените за килограм винско грозје.

Би можело да ве интересира

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени

За празникот на лозарите и винарите „Тиквеш“ го претстави првото вино од сертифицирано органско грозје

Ана Ололовска