Лозари заминаа на рочиште во Гостивар, бараат пари за грозјето од 2015 година

Од:

Триесетина лозари од Кавадарци денеска заминаа на судско рочиште во Гостивар, за да ги бараат парите за предаденото грозје во 2015 година. Петстотини лозари побаруваат 850 илјади евра. Винаријата во Кавадарци која своевремено беше отворена со германски капитал замина во стечај, а рочиштето е во Гостивар, бидејќи седиштето на компанијата, од Кавадарци беше префрлено таму.

Претседателот на Здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев појасни за МИА дека тие 850 илјади евра се однесуваат на основен долг, камати и други трошоци кои лозарите ги направија, барајќи да си ги наплатат тешко заработените пари.

Меѓу лозарите кои заминаа за Гостивар е и Златко Стојчев од кавадаречкото село Сопот, кој е еден од најголемите индивидуални производители на грозје во државата. Стопанисува со околу 220 декари лозје. Побарува околу 20 илјади евра.

– Некои од нас сме своевидни богаташи на хартија, зашто побаруваме финансиски средства за трудот од 2015 година, а всушност мака мачиме затоа што не можеме да ги наплатиме парите кои ни значат многу. Затоа што не можеме да го организираме идното производство, рече Стојчев.

Интересот за одење во Гостивар беше многу поголем, но немаше превоз за сите да заминат.

Би можело да ве интересира

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени

За празникот на лозарите и винарите „Тиквеш“ го претстави првото вино од сертифицирано органско грозје

Ана Ололовска