Лондон размислува воведување надворешна управа во филијалата за трговија на мало на „Газпром“ во Британија

Од:

Британската Влада се подготвува да интервенира и да воведе надворешна управа во малопродажната филијала на „Газпром“ во земјата, од причина што британските компании масовно вртат грб на бизнисот со Русија поради воената интервенција во Украина.

Мерката за надворешна управа на „Gazprom Marketing & Trading Retail Ltd“ може да се воведе доколку се утврди дека деловниот субјект не може да ги исполни своите обврски кон домашните компании и да гарантира продолжување на испораките.

Британската Влада внимателно следи што се случува со рускиот „Gazprom Marketing & Trading Retail Ltd“, компанија што има повеќе од 30 илјади коминтенти во земјата и која деловно соработуваше и со некои од британските јавни институции како што е Националниот здравствен систем.

Поради руската инвазија врз Украина западните компании избегнуваат деловна соработка со Русија. Тоа им е оставено каком можност само на големите енергетски компании и тоа со филијалите за продажба на големо на „Газпром“.

Анализите на агенцијата „Блумберг“ укажуваат на можноста воведувањето принудна управа врз „Gazprom Marketing & Trading Retail Ltd“ да се реализира непосредно наместо преку енергетскиот регулатор „Ofgem“. Тоа значи дека засегнатите деловни клиенти на „Газпром“ би можело да останат надвор од заштитните мерки и државните фондови обезбедени преку маргиналните цени на гасот, што пак како последица би довело до неопходност од потпишување нови договори, но по многу повисоки цени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британската полиција уапси петмина осомничени за тероризам

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

A1on