Литванија потпиша договор за увоз на течен гас од САД

Од:

Литванија потпиша трговски договор за купување течен природен гас (ЛНГ) од САД со цел намалување на големата зависност од руските испораки на гас.

Според договорот со хјустонската компанија „Чениер енерџи“, првите испораки на американскиот ЛНГ би можеле да пристигнат во Литванија веќе наредната година, соопшти литванската државна компанија „Литгас“.

Првиот литвански пловечки терминал за ЛНГ почна комерцијална активност во јануари. Оваа земја од три милиони жители од мултинационалната компанија „Статоил“ во 2015 за почеток ќе увезе над половина милијарда кубни метри гас, со што би покрила петина од своите потреби.

Првиот американски теминал ЛНГ ќе биде пуштен во работа подоцна оваа година.

Би можело да ве интересира

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Литванија затвори два гранични премини со Белорусија поради Вагнер

(ВИДЕО) НАТО самит на 150 километри од Русија: Вилнус претворен во воена тврдина

Катерина Ѓуровски

Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје

Ана Ололовска

Литванија: Испратете системи за воздушна одбрана на НАТО

А1он

Литванија ќе биде подготвена да прими германска воена бригада до 2026 година

А1он