Лисабон нема да го поддржи планот на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас за 15 проценти

Од:

Португалската Влада нема да го поддржи планот предложен од Брисел за намалување на европската потрошувачка на гас за 15 отсто за да се надмине евентуалниот прекин на руските испораки, изјави Жоао Галамба, државен секретар за животна средина и енергија.

„Португалија ќе се спротивстави“ на таа „несразмерна“ мерка, рече тој во интервјуто за дневниот весник „Публико“. Предлогот на Комисијата „не е прилагоден на земјите кои не се поврзани една со друга“ со гасна мрежа како Португалија, објасни тој.

На тој начин Португалија се приклучи на позицијата на Шпанија, чија министерка за еколошка транзиција Тереза ​​Рибера, се спротивстави на таквиот предлог, сметајќи го ниту „фер“ ниту „ефективен“.

Планот на ЕУ наиде на несогласување и во Полска и во Унгарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски