Левица: Законот за трговија на зелените пазари го загрозува социјалниот карактер на Републиката

Од:

Политичката партија Левица реагираше по повод почетокот на примената на новиот Закон за трговија на зелените пазари предложен од владејачката коалиција на ДУИ и СДСМ.

„Ова е срамен, противуставен и скандалозен закон кој е насочен исклучиво против класните интереси на најсиромашниот слој од населението, кое се обидува да преживее заработувајќи скромен дополнителен приход продавајќи земјоделски производи на пазарџиските тезги. Законот е крајно дискриминирачки затоа што забранува пензионери, социјалци, стечајци и хонорарци истовремено да можат да бидат и продавачи на пазар – токму оние на кои пензиите, социјалната помош или отпремнините кои ги добиваат им се толку мизерни што не можат да си ги покријат и најосновните трошоци за нормален живот и издржување на своето семејство“ велат од Левица.

Тие нагласуваат дека во државава не е спорно едни исти луѓе да бидат членови на повеќе управни или надзорни одбори, напикани од партиските комисии – овие сиромашни луѓе, кои чесно си го заработуваат парчето леб, по Нова година одеднаш ќе станат криминалци и ќе имаат правен третман на илегални трговци, само затоа што, како што велат, на владејачките буржоаски партии им текнало да ги штитат интересите на големите маркети и на т.н. Зелена мафија од Кванташки пазар.

„Левица најавува дека ќе ги искористи сите правни и вонправни инструменти да го спречи влегувањето во сила на овој крајно штетен Закон. Притоа, јавно го повикуваме Министерството за економија – по итна постапка – до Собранието на РМ да предложи мораториум, т.е. одлагање на примената на овој закон за најмалку една година. Паралелно со ова, го повикуваме и Уставниот суд на РМ, по службена должност, да донесе времена мерка за стопирање на примената на овој скандалозен закон, кој е насочен исклучиво кон најсиромашните слоеви од народот и го загрозува социјалниот карактер на Републиката. Доколку тоа не се случи, нашиот правен тим дополнително ќе поднесе иницијатива за оспорување на уставноста на Законот, со барање за негово укинување“ се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Штанцањето милиони за патни трошоци на пратениците мора да запре

Јанчев: Интерпелацијата на Даути е успешна

Левица: Закон за јавни набавки по нарачка на тендер мафијата и бизнис елитите на ДПМНЕ и ЗНАМ

Крмов: Левица ќе поднесе предлог за разрешување на Даути доколку таа не поднесе оставка

Левица: Историскиот криминал на СДС со „Бехтел и Енка“ ДПМНЕ ќе го реализира со бивши затвореници

Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

А1он