(ВИДЕО) Јанчев од Левица: Кадровата политика на оваа влада го доуништува здравството

Од:

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев во Собранието за време на седницата за пратенички прашања, упатувајќи прашања до министерот за здравство, истакна алармантни кадрови злоупотреби, мобинг и недеоследности во здравствените установи.

„Нема подобра политика од кадрова политика. Државните институции не се зградите фасадите и ентериерот, туку луѓето, кадарот кој работи во нив. И ако има добар кадар – ќе има и функционални институции“ рече Јанчев.

Прво, пратеникот алармираше за постапките на Бурим Идризи, раководител на сектор во Институтот за трансфузиона медицина, кој според кажаното, изготвувал фалични анекси на договори за вработување со кои неовластено го менувал датумот на засновање на работниот однос. На вработени со повеќедецениски стаж им вметнувал одредба дека засновале работен однос лани, во 2024 или 2023 година. Раководителот таквите анекси им ги давал на вработените и непотпишувањето на истите го третирал како отказ, односно прекин на работниот однос.

„Овој лош кадар, Бурим Идризи, не само што е награден, туку е пренаграден – тој е одговорен на четири одделенија, правно-административно техничко одделение, општи работи, ИТ системи, е во комисија за „Мој термин“ и други комисии. Значи, тој зема поголема плата од што земаат специјалистите“ – истакна Јанчев од Левица.

Второ, беше посочено дека и директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Елези, непотпишувањето на наштиманите анекси го третирал како раскинување на договорот за вработување и на огласна табла им се заканувал со такви известувања. Јанчев истакна дека директорот Амир Елези не ги исполнува законските услови да раководи со ваква установа, односно да биде директор. Истото поради фактото што Законот предвидува дека директорот мора да биде специјалист по трансфузиологија и да има работно искуство најмалку две години од областа на трансфузиологијата, додека пак актуелниот директор специјализирал рентген и го нема потребното искуство.

Трето, беше изнесен и случај на искусна медицинска сестра со 38 години стаж во болницата во Неготино, која наместо да се награди за нејзината посветеност – била преместена на работно место со помала плата. На нејзиното место е поставен вработена со само неколкумесечен курс.
„Тоа е таа владина кадрова политика… Кога 38 години стаж и работно искуство е помалку од неколкумесечен курс и неискуство. Таа е таа владина кадрова политика која ја уништува Македонија“ – заклучи пратеникот Сашко Јанчев од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката