ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски, бидејќи законот важи за сите

Од:

Ја разбираме и нервозата и фрустрацијата на партијата Левица, приврзок на Зоран Заев и групата вљубеници во делото на Енвер Хоџа спрема министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Позади таа фрустрација се крие стравот и знаењето дека Тошковски расчистува со криминалците, и што законот после долги децении важи за сите подеднакво. Тошковски не сокри нешто, не рече дека законот не важи за неговиот татко, а за сите други важи, туку и роден брат или сестра да е, ако се огреши треба да одговара. Затоа и Левица и Димче Апасиев се преплашени. А еве дополнителна причина за нивен нов страв, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја информираме јавноста за т.н. подрум кој Левица го купи во центарот на градот по багателно ниска цена, кој не ќе да е само подрум, туку има и приземје. На тоа место, кое е над земја три-четири метри е регистриран локал, односно друштво за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје. Регистриран е на истата адреса каде што се наоѓа подрумот или сутеренот.

Дури и си направиле профили по социјалните медиуми, прилично слични на профилот на една политичка партија. Кога малку ќе се истражи и ќе се извади тековната состојба, покрај тоа што уплатиле 5000 евра во кеш за регистрирање на ова друштво за угостителство и услуги, се јавува како сопственик лицето Зоран Ивановски. Тој се јавува како управител, како менаџер и ја регистрирал оваа фирма, која се занимава со дејност ресторани, но и дејности на интернетски портали. Тоа е подружницата од ова друштво.

Лицето Зоран Ивановски е дел од претседателството од Левица и е дел од управниот одбор на „Скопски водовод“, а на интернет има и негови фотографии со претседателот на политичката партија Левица. Дополнително ако ги слушате последните искази од случајот поврзан со Палевски и сведочењата таму, ќе слушнете дека тие се среќавале во штабот на партијата Десна, којшто бил во објектот Опера хаус, а објектот Опера хаус е токму овој објект“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица