Левица: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

Од:

Повторно се потврдува тезата дека и актуелната власт на ДПМНЕ, како сите претходни влади, го креирале корумпираниот систем кој ја опустоши Македонија. Во континуитет министерот и адвокат на урбанистичката мафија, Панче Тошковски се обидува со спинови, манипулации и закани да ја замолчи секоја критика против неговата селективна истрага за Кочани, тврдат од Левица.

„Додека се обидува да изгради слика дека го руши корумпираниот систем, фактите кои се обзнануваат во јавност укажуваат како и фамилијата Тошковски била дел од овој систем. Имено, токму таткото на министерот на МВР во 2013 година бил осуден за измама на 8 лица заради примање мито при посредување за инвалидски пензии. Неговиот татко бил осуден на две години условна казна, затоа што од оштетените лица противправно наплатил речиси 25.000 евра, ветувајќи им дека ќе стекнат право на инвалидска пензија.

Односно, таткото на Тошковски безобзирно манипулирал со поединци кои очигледно во незавидна положба, биле принудени да плаќаат огромни суми за да се изборат против аномалиите на системот. Бидејќи министерот Тошковски и за време на претходната влада на Груевски бил дел од институциите на системот (преку министерството на Миле Јанакиевски), очигледно тоа што бил дел од власта било доволно за неговиот татко да прави матни зделки со инвалидските пензии.

Дополнително, потсетуваме дека Тошковски уште нема одговор за скандалот со апсењето на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, односно нема никаква информација во јавноста кое е второто лице кое е уапсено. Ако се има во предвид дека лицето кое го обезбедувало Мицкоски било дел од Шестата управа, истото не можело да располага информации за криминални истраги. Тошковски упорно одбива да даде одговор од каде обезбедувањето на Мицкоски имало информации за криминални истраги и од кој ги добил тие информации?!

Селективниот пристап на Тошковски и за огромната трагедија во Кочани, каде ниту еден актуелен началник од полицијата не е дел од истрагата, претставува кулминација на ужасното владеење на новата влада. Наместо системски реформи – сведочиме како власта ги одбива сите добри законски решенија на Левица; наместо апсење на поранешниот премиер Зоран Заев – сведочиме како премиерот Мицкоски веќе не го ни спомнува неговот име; наместо меритократија и департизација – сведочиме како сестрата на премиерот и баџанакот на Тошковски стануваат универзитетски професори. Нема промена на корумпираниот систем со партии кои 35 години го граделе токму тој систем“, велат од партијата

Би можело да ве интересира

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Мециновиќ: Eдинствени сме кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството

А1он

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

(ВИДЕО) Мустафаоглу: Градот брои само прелетани хектари, не го интересира ни со што, ни дали ефективно и воопшто се прска против комарци

Горан Наумовски

Левица: 14 жртви, нула одговорност – пресудата за модуларната болница ја потврди играта на ДПМНЕ и СДСМ

Горан Наумовски

Левица: Јаневска тврди дека го покачила студентскиот оброк, а студентите и натаму добиваат 140 денари