Лани највисоката годишна бруто плата 2,7 милиони евра, исплатена во приватното здравство

Од:

Највисоката годишна бруто плата во Македонија лани е исплатена во приватното здравство и изнесува 167.786.446 денари (2,7 милиони евра), а 25,6 (416.000 евра) милиони денари е највисокиот исплатен бунус од работен однос на годишно ниво, покажуваат податоците што ги објави денеска Управата за јавни приходи врз основа на поднесените годишни даночни пријави од граѓаните во 2016 година.

Како што информира на прес-конференција директорката на УЈП Соња Лукаревска, граѓанин од Скопје минатата година пријавил највисок годишен приход од 255 милиони денари.

Највисоката остварена капитална добивка во 2016. изнесувала 82,8 милиона денара, а досега највисока таква добивка е пријавена во 2008 година и изнесувала 908.995.813 денари.

Од повремено вршење услуги жител на Велес заработил 58,3 милиона денари, додека граѓанин од Скопје пријавил заработка од 109,1 милион денари од дивиденди и други приходи остварени од учеството во добивката.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот