Глобалната економија влезе во период на рецесија поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.
Според неа, рецесијата е многу полоша од глобалната финансиска криза.
ММФ се фокусирал да гарантира дека има силен одговор на здравствената криза, како и да дејствува на закрепнување на економијата, нагласи Георгиева.
Таа изрази решеност да ја искористат „воената резерва“ од еден трилион долари доколку е потребно како одговор на пандемијата.
Според Георгиева, најголема опасност е бранот на банкротирање и отпуштања, што ќе го отежне обновувањето на економијата.