Кристалина Георгиева: Приклучувањето кон еврозоната е логичен чекор за Бугарија

Од:

На прашањето дали Бугарија треба или не треба да влезе во еврозоната, би одговорила со друго прашање: Има ли некој во Бугарија што сака да падне Валутниот одбор. Ова го изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева, на која денеска и беше доделена почесната титула „Doctor Honoris Causa“ на Универзитетот за национална и светска економија (UNWE), пренесува БГНЕС.

dobivaj vesti na viber

– Досега не сум видела социолошки анкети дека јавното мислење е расположено да падне Валутниот одбор и да бидеме на ветрот без заштитата што тој ни ја дава. И бидејќи ние сме Валутен одбор и нашата валута е врзана за еврото, за нас е многу подобро да учествуваме во формулирањето на политиките што ја засегаат нашата земја отколку да не учествуваме, рече директорката на ММФ.

Кристалина Георгиева посочи дека влезот во еврозоната е логичен чекор за Бугарија.

Таа се согласи дека условите за влез на Бугарија во еврозоната денес се покомплицирани отколку пред неколку месеци, бидејќи инфлацијата во Бугарија надмина 10 проценти.

– Сепак, тоа не е поради внатрешни грешки во земјата, туку поради надворешни шокови од пандемијата и војната во Украина, а овој проблем со растот на цените ги погодува буквално сите земји освен Јапонија и неколку азиски земји. Значи, многу е веројатно дека Европската централна банка и министрите од еврозоната ќе го земат предвид фактот дека растот на цените и инфлацијата во Бугарија се предизвикани од надворешни фактори и тоа нема да влијае на рокот за влез во земјата, потенцираше Георгиева.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Минималната пензија во Бугарија 235 евра, а максималната 1000 евра

Ана Ололовска

Румен Радев ги заврши консултациите пред да врачи прв мандат за нова влада на Бугарија

Ана Ололовска

„Продолжуваме со промената“ денеска почнуваат консултации со „Демократска Бугарија“, БСП и независните пратеници во бугарскиот парламент

Ана Ололовска

Си нашол бугарска верзија за да мафташ – Димитров му врати на Османи

Анита Петровска Рајковиќ

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Две партии од владејачката коалиција во Бугарија не отидоа на консултации кај претседателот Радев

Ана Ололовска