Кредит од Светска банка за Хрватски железници

Од:

Претставници на Жрватски железници потпишаа вчера со Светска банка договор за кредит од 163,5 милиони евра за финансирање проекти.

Од вкупниот износ од кредитот, речиси половината или 79 милиони евра се однесува на инфраструктурата на ХЖ.

Кредитното барање во најголем дел се однесува за инвестиции во железничката инфраструктура со цел зголемен капацитет и безбедност.

Дел од заемот – 13,7 милиони евра се за згрижување на вработените, нивна обука и отпремнини.

Избраните проекти подразбираат и модернизација на железничките премини, отстранување на критични точки на пруги, ремонт на железнички мостови и тунели како и осовременување на железнички станици. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност