Кралската банка на Шкотска казнета со 612 милиони долари

Од:

Една од најголемите банки во Велика Британија, Кралската банка на Шкотска, ќе плати казна во износ од 612 милиони долари поради местење на основната каматна стапка, ЛИБОР, како и поради финансиски измами во Јапонија.

Првите луѓе на Кралската банка на Шкотска признаа дека постоеле сериозни недостатоци во внатрешната контрола, како и дека со причина е доведен под знак прашање интегритетот на помал број вработени во банката.

– Ова е тажен, но и значаен ден за нашата банка, бидејќи продолжуваме да ги исправуваме грешките од минатото, изјави претседателот на управниот одбор на банката Филип Хемптон.

Истрагата покажа дека од 2006 до 2010 година, а можеби и порано, над десет вработени во филијали на Кралската банка на Шкотска во Лондон, Сингапур и Токио манипулирале со каматата за меѓубанкарски понуди на лондонската берза ЛИБОР, која влијае на цената на илјадници милијарди долари кредити низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски

Во Шкотска убиен и запален маж, неговото јагленосано телото оставено во близина на детско игралиште

Дете падна во шахта длабока шест метри и се удави-истрага после три години

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за маж кој ја турна бремената сопруга од карпа во Единбург

Ана Ололовска