Ковачевски: Потрошивме 55 милиони евра за досегашните испораки на мазут и јаглен од Грција и Албанија

Од:

Првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски е убеден дека енергетската криза македонските граѓани нема да ја почувствуваат затоа сите производствени капацитети ќе бидат во функција цела сезона.

– РЕК Битола ќе произведува енергија максимално со трите блокови. За двата капацитети во Битола и во Осломеј имаме сопствени ископи и се увезуваат дополнителни количини јаглен. Хидропотенцијалот е на 50-55% и хидроенергијата ќе ја користиме за балансирање на системот. ТЕЦ Неготино се припои правно кон АД ЕСМ. Во моментов се носат 30.000 тони мазут доволни за два месеца работа на еден котел. Имаме договор за 120.000 тони обезбедени колични и планираме во август месец додека трае кризната состојба да склучиме договор за уште дополнителни 200.000 тони мазут за набавка за месеците до април кога завршува грејната сезона. ЕСМ нема потреба од набавка на струја затоа што ќе испорачува 100% кон ЕВН и МЕПСО – рече Ковачевски.

Но, грејната сезона не е почната, а набавките на енергенси кои досега се испорачани ги чинат граѓаните околу 60 милиони евра. Ковачевски смета дека Македонија купува најевтино во регионот.
– Ние во моментов како држава набавуваме мазут со најниска цена во регионот, просечна цена е 55 до 65 евра на тон, а во моментов цените се 90 до 100 евра по тон. Набавуваме од Грција и од Албанија, но сакаме да набавуваме и од Косово. Досега се испорачани 35.000 тони мазут за околу 25 милиони евра само за мазут, а се испорачаа околу 300.000 тони јаглен за околу 30 милиони евра – додаде тој.

Паралелно ЕСМ се подготвува со налог на Владата да ја менаџира топлинската енергија за град Скопје затоа што БЕГ ги врати лиценците. ЕСМ со одлука на Влада формира три нови компании за производство, дистрибуција и снабдување. Првиот човек на ЕСМ најави дека компанијата ќе ги преземе вработените од БЕГ кои биле искусни и дека нема да има дополнителни вработувања.

– Согласно потребите дел од вработените кои беа во БЕГ кои се искусни, ќе бидат преземени, а менаџментот ќе биде на почеток од ЕСМ. Сметам дека ќе работиме со далеку помал капацитет отколку досега – најави Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Поевтинува мазутот

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ