Промовирана е нова линија бескаматни кредити Ковид 4 наменета за занаетчиите, трговските поединци и приватните здравствени установи. За оваа линија кредити преку Развојната банка ќе се обезбедат нови 10 милиони евра кои ќе завршат во стопанството рече на прес конференција пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Износот на кредитот ќе биде дефиниран во зависност од бројот на вработените и падот на приходите, и тој може да изнесува од 3.000 до 30.000 евра, додека роковите за отплата ќе се движат од 36 до 42 месеци со грејс период од 12 месеци. Во оваа кредитна линија е овозможена и грант компонента до 50% од висината на кредитот, ако корисниците ги исполнат потребните условите, а тоа е во 2021 да имат 5% повеќе вработени во однос на 2020 година и вкупните приходи во 2021 да се зголемени за 10% во однос на 2020 година или може да добијат грантови од 20% или 30% доколку е остварен само еден од условите“ – рече Костадинов.