„Кореа Ерлајнс“ ќе откупи 44 проценти од „ЧСА“

Од:

Корејската авионска компанија „Кореан Ер“ денеска со претставници на чешката влада и авиокомпанијата „Чешки аерохолдинг“ ќе потпишат договор за откуп на 44 проценти од чешката национална авиокомпанија.

Инвестицијата на корејскиот авиопревозник кој беше единствен заинтересиран за откуп на удел во „Чех ерлајнс“, компанија која долгорочно бележи загуби изнесува 2,7 милиони евра, јави дописникот на МИА од Прага.

Чешката авиокомпанија, 2011 година ја заврши со загуба од 9,64 милиони евра, а резултатите од минатата година компанијата се уште не ги има објавено.

„Кореан ер“ спаѓа меѓу 20.светски најдобри компании и годишно услужува три пати повеќе дестинации од чешката авиокомпанија и превезува шест пати повеќе патници.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Русија: Американски бомбардери откриени во близина на границата со Русија

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо