Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски при посетата на Квадарци, најави изградба на осум нови винарии.
Компанијата „АД Гоце Делчев” од Кавадарци ќе ја гради една од винариите, преработувајќи го сопственото, но и грозјето од регионот, а другата винарска визба ќе ја гради странска инвестиција. Веќе се продадени шест локации за изградба на мини винарниците.
„Компанијата постојано вработува 200 луѓе и околу 600 сезонци и од неа дури и јас можам многу да научам. Се радувам што имаме вакви компании кои се носечки столб на земјоделството.
– Она што е најважно оваа компанија има добра соработка со институциите, со земјоделските факултети и науката затоа што без импелементација на науката и без советодавни услуги од земјоделските факултети или агенцијата за унапредување на земјоделството, нема да има успех“, изјави Коњановски.
Директорот на „Гоце Делчев”, Ристо Милев рече дека постапката за градба на винарската визба привршува, и дека во декември планираат да започнат со градба. Тој откри дека капацитетот би бил околу 10.5 милиони литри вино што би значело дека се потребни околу 14 милиони килограми грозје за да се добие таа количина на вино.