Конференција за групно финансирање во Македонија.

Од:

Во организација на Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ денеска во Скопје ќе се одржи првата конференција за групно финансирање во Македонија.

Конференцијата, според организаторите, има цел да ги запознае луѓето од Македонија со концептот на групно финансирање (crowdfunding), како алтернативен начин на финансирање на проекти и идеи, како и да понуди вештини за спроведување ваков вид кампањи.

Во рамки на конференцијата ќе биде презентиран и првиот македонски прирачник за спроведување кампањи за групно финансирање, а се организира во рамки на проектот „Одржливост преку алнтернативни начини на финасирање“, имплементиран од Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ во партнерство со Final Frontier Games.

На конференцијата во улога на говорници и предавачи ќе присуствуваат експерти на темата од земјава и регионот.

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој, е невладина, доброволна, независна асоцијација на граѓани чија цел е да ги детектира и дава одговор на состојбите и потребите на младите во општеството, преку креирање институционални промени, граѓанска едукација, поттикнување граѓански активизам и нудење простор за личен и социјален развој.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

A1on

Во Охрид започна конференцијата „Евроатланските вредности на Балканот“

Жарко Настоски

Средби на министерката Мизрахи со колеги од Регионот

Драган Поповски

Брегу: Одливот на „мозоци“ е најголем предизвик за Западен Балкан

Процесот на пристапување во ЕУ е инвестиција во мир и безбедност

Успешни практики од ЕУ – инспирација за примена на целите за одржлив развој одржана конференцијата „Глобални цели за локална одржливост“

Ана Ололовска